Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт за 37-годишно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 51,61 грам, спакувана во 10 зипер вреќички и во една најлонска ќеса. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на пртетходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице