Утрински Весник
Спорт

„Ако НБА-сезоната почне во декември, Леброн ќе го прескокне првиот месец“

„Ако НБА-сезоната почне во декември, Леброн ќе го прескокне првиот месец“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Деновиве се очекува НБА лигата да го објави датумот на почеток на новата сезона, а се е насочено тоа да е 22. декември.

Иако поголемиот дел од екипите нема да имаат проблем да стартуваат тогаш со новата сезона, сепак екипите кои до самиот финиш беа вклучени во минатата сезона која заврши пред помалку од еден месец ќе бидат сериозно погодени од оваа одлука. Од последниот меч од финалето меѓу Лејкерс и Мајами до 22 декември има 72 дена, додека во нормални околности паузата меѓу две сезони трае четири ипол месеци.

Мајами Хит има претежно млади играчи кои брзо се рекуперираат, но шампионите – Лејкерси се екипа полна со ветерани, на чело со Леброн Џејмс кој на крајот на годинава ќе наполни 36 години.

Специјалистот за одбрана во шампионската екипа во НБА, Дени Грин смета дека Леброн едноставно ќе го прескокне првиот месец од новата сезона доколку таа започне во проектираниот термин. Се очекува ист да биде случајот и со Ражон Рондо и Двајт Хауард.

„Ако почнеме во декември, мислам дека многумина ќе го прескокнат стартот на сезоната. Не очекувам Леброн да игра во првиот месец“ рече Грин.

Пред почетокот на новата сезона ќе биде организиран краток преоден рок во кој Лејкерси секако ќе мора да ја освежат екипата со млади играчи.

> „Ако НБА-сезоната почне во декември, Леброн ќе го прескокне првиот месец“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седлоски нов селектор на Македонија

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро