Утрински Весник
Свет

Истражување: 70 проценти од Германците сакаат да се вакцинирaат против коронавирус

Истражување: 70 проценти од Германците сакаат да се вакцинирaат против коронавирус

Повеќето Германци сакаат да се вакцинираат против коронавирус штом вакцината биде достапна, покажува студијата на германскиот институт за економски истражувања (DIW).

Според тоа истражување, околу 70 проценти од Германците би сакале да бидат вакцинирани.

Исто така, половина од Германците сметаат дека треба да се воведе задолжително вакцинирање.

Тие истакнуваат дека задолжителното вакцинирање може да биде алтернатива на другите присилни мерки, како што се ограничување на контактите и скратеното работно време на угостителските објекти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна