Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Секој трет тестиран е позитивен, а Филипче и натаму мисли дека е само портпарол

(Видео) Митева: Секој трет тестиран е позитивен, а Филипче и натаму мисли дека е само портпарол

Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Ковид-19. Достигнавме 33% на инфицирани лица од вкупно тестираните, предупреди на денешната прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа обвини и дека Филипче уште мисли дека е портпарол на министерството, а не министер.

„Бројката на починати е двоцифрена, 15 лица за 24 часа. Бројот на починати на еден милион жители кај нас е пет до седум пати поголем од бројот на починати во соседните земји. Ситуацијата е алармантна подолг период наназад. Состојбата може дополнително да се влоши особено заради загадениот воздух, кој во комбинација со Ковид е голема опасност за хронично болните. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до Филипче хронично болните да ги ослободи од работа“, истакна Митева.

Таа го потенцираше и ставот на Караџовски во однос на тоа зошто не се направи поголем простор да се тестираат лицата во приватните клиники.

„Караџовски вели: Министерот ќе ви одговори, сепак е јавно и приватно, политика и бизнис. Точно, благодарам на искреноста дека здравјето го сведовте на политика и бизнис. Жално, срамно и навредувачки е во ваква криза ова да биде нечиј став“, порача претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа повика власта да запре со дневната политика и да направи сериозен кризен тим.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната

ВЛЕН: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка