Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Не постои законски основ за исплаќање плата како што бараат пожарникарите

Шилегов: Не постои законски основ за исплаќање плата како што бараат пожарникарите

Градоначалникот Шилегов денеска имаше средба со пожарникарите, поради нивните барања за повисоки плати. Тој меѓудругото им рече дека овој проблем е стар 15 години и дека направена е работна група и се вршат измени во Законот за пожарникарство.

„ Јас не сум човек што бега од проблемите и сакам да ги видам сите луѓе што имаат проблем со начинот на исплата на платата на пожарникарите. Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран е и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарство, коишто треба да стапат на сила во јуни 2021 година, каде што дел од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да се забрза тој процес или да има законски основ да ги исплаќаме, ние нудиме во тој процес да влезе и медијација, со цел некаде во јуни месец 2021 година, кога ќе стапи на сила Законот, едноставно до тогаш да не бидат пожарникарите оштетени – изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.

На средбата со пожарникарите градоначалникот Шилегов нагласи дека Градот не е институција што носи закони, но ги има мапирано и лоцирано проблемите и во рамките на Министерство за одбрана, Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, како и ЗЕЛС, работната група го работи текстот и законот што треба да стапи на сила 2021 година. Исто така, тој појасни дека не станува збор за недостаток на волја, туку станува збор за недостаток на законски основ за да може да се исплаќа платата така како што бараат пожарникарите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!