Утрински Весник
Свет

(Видео) Започна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот кој ќе ги поврзе Данска и Германија

(Видео) Започна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот кој ќе ги поврзе Данска и Германија

Пo повеќе од една деценија планирање, започна работата на најдолгиот подводен тунел во светот.

Тунелот Фемарнбелт кој ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море, а се очекува да биде отворен во 2029 година, пишува Си-ен-ен.

Тунелот долг 18 километри е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа, со инвестирани над 7 милијарди евра.

Тунелот ќе поминува низ појасот Фемарн, теснец помеѓу германскиот остров со истото име и данскиот остров Лоланд, и е дизајниран како алтернатива на сегашната траект линија која секоја година превезува милиони патници. Патувањето со траектот трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, ќе треба 7 минути со воз и 10 минути со автомобил за да се премине од една во друга земја.

https://www.youtube.com/watch?v=30RECLGlTOg

Тунелот, чие официјално име е Фемарнбелт Фиксд Линк, исто така ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Ќе се состои од два автопати со две по ленти кои ќе бидат одделени со службен премин и две електрифицирани пруги.

„Денес, ако одите со воз од Копенхаген до Хамбург, ви требаат околу четири и пол часа. По завршувањето на тунелот, истото патување ќе трае два и пол часа. Многумина користат авион за патување меѓу двата града, но во иднина ќе биде поисплатливо само да се возите“, рече Јенс Оле Каслунд, технички директор во данската државна компанија Фемерн А/С, која е задолжена за овој голем проект.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков