Утрински Весник
Економија

Самостојните вршители на дејност три месеци ќе добиваат по 17.410 денари државна помош

Самостојните вршители на дејност три месеци ќе добиваат по 17.410 денари државна помош

На својата 15-та седница, Владата денеска го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Целта на овој предлог-закон е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари 

Основната каматна стапка е непроменета – високата неизвесност и натаму е присутна, велат од НБРМ