Утрински Весник
Култура

Вечерва во Europe House и на стрим проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“

Вечерва во Europe House и на стрим проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски, поезија од Дејан Трајкоски и сцени од филмови на Вим Вендерс и Роберто Бењини, вечерва во 20 часот во Europe House Skopje ќе се одржи проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“.

Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика.

Се работи за три песни инспирирани од сцени од филмовите „Париз, Тексас“ и „Хотел од милион долари“ од Вим Вендерс, „Тигарот и снегот“ од Роберто Бењини. Поезијата од Трајкоски ќе ja изведува Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, која е инспирирана од оригиналните филмски композиции, а сето тоа е вклопено со филмските сцени. Видео и аудиомонтажата е на Гоце Јованоски.

Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.

Настанот ќе може да се проследи само во живо преку стрим

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“