Утрински Весник
Македонија

Општина Центар ги отстрани нелегалните објекти под мостот кај Железничка станица

Општина Центар ги отстрани нелегалните објекти под мостот кај Железничка станица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Центар изминатата недела ги отстрани нелегалните објекти во населбата Маџир Маало, поточно под мостот во близина на Железничка.

„На барање на жителите кои живеат во овој дел на општината, отстранети се објекти кои се наоѓаа на просторот веднаш под Железничкиот мост, кој ги поврзува општините Центар и Аеродром. Овој запуштен простор, населен од бездомни семејства и полн со диви депонии, беше извор на загадување и зарази и претставуваше голем проблем на жителите од околните места и на минувачите“, велат од Општината.

Од таму велат дека откако инвеститорите по издаденото решение за самостојно отстранување не ги отстраниле објектите, Секторот за инспекциски работи со помош на механизација пристапи кон присилно отстранување.

„По отстранувањето на објектите, општината го исчисти просторот и дополнително истиот ќе биде уреден. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со активностите со нелегално изградените објекти и воедно апелира до граѓаните да не градат каде што тоа не е предвидено, да ги почитуваат законите и да се придржуваат до постоечките правилници за градба, со цел заштита на животната средина и со тоа Центар да биде еколошко, пристојно и современо место за престој и живеење“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот