Утрински Весник
Свет

Од 1 ноември Израел започнува со клинички испитувања на државната вакцина

Од 1 ноември Израел започнува со клинички испитувања на државната вакцина

Израел на 1 ноември ќе започне со клинички испитувања на вакцината против Ковид 19, изработена од националниот истражувачки институт под надзор на Министерството за одбрана.

Во првата фаза на клиничките испитувања, која ќе трае три недели, ќе учествуваат 80 волонтери на возраст од 18 до 55 години.

Втората фаза на клинички испитувања на израелската вакцина ќе започне во декември, во која ќе бидат опфатени 960 лица постари од 18 години.

Ако првата и втората фаза се успешни, третата фаза на клинички испитувања со 30.000 волонтери треба да започне во април или мај. После тоа, вакцината може да биде одобрена за масовна употреба, доколку се потврдат нејзината безбедност и ефикасност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од сиромаштија до нарко-империја: Кој беше „Ел Менчо“, човекот што го држеше Мексико во страв

Картелска одмазда ја тресе државата – Хаос во Мексико!

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор