Утрински Весник
Култура

Ретроспективно-монографска изложба на Ѓорѓи Шијаковиќ во Куманово

Ретроспективно-монографска изложба на Ѓорѓи Шијаковиќ во Куманово

На 28 октомври (од 19 до 21 часот), во Уметничката галерија во Куманово, ќе биде отворена ретроспективно монографската изложба на Ѓорѓе Шијаковиќ, еден од неколкуте наши најзначајни автори кои припаѓаат во областа на наивното творештво. На изложбата ќе бидат презентирани четириесет слики, а ќе биде промовирана и книга за неговото творештво со обемен текст од Гоце Божурски.

Ѓорѓе Шијаковиќ е роден 1901г, во Цетиње(Црна Гора). На негова четиримесечна возраст семејството се преселува во Америка (каде што завршува основно образование и продолжува гимназија), а се враќаат во 1914 г. Од 1919 г. до 1923 г. е ангажиран како административен счлужбеник и преведувач во хуманитарната мисија на американскиот црвен крст. Во 1925 го положува курсот за американско двојно книговодство и се до избувнувањето на Втората светска војна работи како сметководител и преведувач од англиски во рудниците „Трепча“ во Косовска Митровица (Звечан“) и „Злетово“ (Добрево). Од 1941г. до 1943е г. е во заробеништво во Италија (Бергам, Аверси). По ослободувањето работи како шеф на книговодство и преведувач во повеќе трговски птретпријатија во Скопје, но и во Државниот секретаријат за стопанство и Извршниот совет на РМ. Почнува да слика по пензионирањето во 1962 г. Самостојно излагал во Центарот за култура и информации (сегашен КИЦ) во Скопје во 1969 г. и во Галеријата на примитивна уметност во Загреб во 1971 г.

Учествувал на значајни меѓународни изложби на наивата во Братислава (1972), Загреб (1970, 1973), Светозарево (денешна Јагодина, 1970, 1975), Хлебине и др. Освен што временски и генерациски е еден од неколкуте основоположниците на наивата кај нас, Ѓорѓе Шијаковиќ заслужува целосен респект, а според квалитетот и вонвременски вредности на неговото творештво беше препознаван идентитетот на македонската наивна уметност во тогашниот југословенски и меѓународен контекст.

Во раните 70 ти години е сниман документарен филм за него и неговото творештво од страна на францускиот режисер Jean Marie Drot , кој на француската телевизија наишол на огромен интерес кај тамошната публика. За жал кај нас никогаш не е прикажан.

Застапен е во енциклопедија на наивната уметност во светот. Добитник е и на повеќе меѓународни награди, како златен кентаур од Италија, златна медаља од академијата за труд од Италија и др.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“