Кинотеката утре ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со неколку настани.Кинотека ќе ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од сродните институции и секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани. Годинешново мото под кое светските филмски архиви, музеи и институции поврзани со заштитата на културно наследство организираат изложби, проекции, предавања и слични настани по повод Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е „Вашиот прозорец кон светот“.
Во 12:00 часот во Кинотеката ќе биде промовирано ДВД изданието со пет дигитално реставрирани македонски играни филмови. Изданието ги содржи филмовите Три Ани (1959) на Бранко Бауер, Жед (1971) на Димитрие Османли, Македонски дел од пеколот (1971) на Ватрослав Мимица, Татко (Колнати сме, Ирина) (1973) на Коле Ангеловски и Хај-Фај (1987) на Владимир Блажевски.
Филмовите во ова ДВД издание хронолошки се реализирани во распон од 28 години. За разлика од претходните ДВД изданија на дигитално реставрираните филмови од целокупниот опус на авторите (браќата Манаки, Арсениј Јовков, Љубиша Георгиевски, Бранко Гапо, Столе Попов, Милчо Манчевски, Кирил Ценевски), изборот на филмови кои се дигитално реставрирани, како дел од културното наследство, беше резултат на меѓународната соработка на Кинотеката со други филмски архиви од некогашна Југославија.
Во киносалата на Кинотека во 19:00 часот ќе се одржат проекции на филмовите Исчезнувањето на Сузана Арсова (1992) на режисерот Борис Дамовски, Првата светска војна, Сеќавања (WW1 REMEMBERING) и Фотофрафија 20-20 на Роберт Јанкуловски, професор на Факултетот за филмски уметности при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје, и Македонски дел од пеколот на Ватрослав Мимица.
Одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associatio
Настанот во киносалата на Кинотеката ќе се реализира според здравствените протоколи.