Утрински Весник
Политички Партии

Заев од Конгресот: Победите на СДСМ се победи на граѓаните

Заев од Конгресот: Победите на СДСМ се победи на граѓаните

На 15 јули граѓаните испратија јасна порака, дека државата мора да продолжи на вистинскиот пат, а на тој пат е најсигурно со СДСМ, победите на СДСМ се победи на граѓаните, победи за подобар живот на сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 25. партиски Конгрес.

„Темелите на овие победи ги поставивме уште во 2015 година, преку „Вистината за Македонија“ и најголемиот граѓански протест од 17 мај, 2015 година. Потоа се случи и Шарената револуција, најмасовната и најразнолика форма на граѓански, слободарски отпор против режимот. Во 2016 заедно со сите граѓани урнавме режим! Месеци подоцна, по неуспехот на режимот да спречи демократски промени и неуспешниот државен удар на 27 април, ја добивме честа и одговорноста да формираме демократска влада. Заедно со граѓаните ја вративме слободата и демократијата. До 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува. Слободата и демократијата се заедничка победа наша, на СДСМ, со нашиот народ. За тоа сме горди и тоа е наш аманет, наша вредност, да ја чуваме и да ја унапредуваме слободата и демократијата.

Убедливо победивме на локалните избори во 2017, во над 50 општини ширум земјава.

Во 2018 година над 610.000 граѓани гласаа ЗА членство во НАТО и ЕУ, ЗА договорот од Преспа, за да одиме напред. 610.000 граѓани тој ден, излегоа од дома и дадома огромна, масовна поддршка за патот напред. На тој референдум видовме дека патот напред нема достоен противник.

На изборите во 2019 година Северна Македонија доби Претседател, дефиниран и предложен од СДСМ, поддржан од многу политички партии, од сите етнички заедници на државата. Тоа го може СДСМ, тоа СДСМ го прави најдобро, обединува, води напред. И повторно победа, како јасна потврда на курсот по кој ја водиме земјата, како верификација на нашите јасни и изричити евроатлантски и демократски определби.

Победивме на парламентарните избори оваа година, на 15 јули и еве не денес, ја имаме честа и одговорноста да продолжиме да ги предводиме институциите, да работиме во интерес на граѓаните и државата.“ порача Заев.

Тој истакна дека сите овие победи се мотив уште повеќе и уште подобро да се работи во интерес на граѓаните.

„Имаме мотив, имаме волја, имаме и сила и енергија да продолжиме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.“ посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт