Утрински Весник
Свет

Жени на чело на десет министерства во новата српска влада, рокада на министрите во полицијата и одбраната

Жени на чело на десет министерства во новата српска влада, рокада на министрите во полицијата и одбраната

Мандатарката за состав на новата Влада на Србија, Ана Брнабиќ, ги објави имињата на кандидатите за министри.

По седницата на претседателството на Српската напредна партија, Брнабиќ најави дека ќе има десет министерки во новата влада. Александар Вулин, поранешниот министер за одбрана, ќе стане шеф на Министерството за внатрешни работи, додека Небојша Стефановиќ, поранешниот министер за внатрешни работи, ќе го преземе управувањето со Министерството за одбрана.

Министер за надворешни работи ќе биде Никола Селаковиќ, досегашен генерален секретар на претседателството на Србија.

На парламентарните избори одржани во Србија на 21 јуни, кои беа бојкотирани од дел од опозицијата, владејачката Српска напредна партија освои 60,65 проценти од гласовите и 188 мандати.

Собранието на Србија има 250 пратеници, што значи дека се потребни 126 мандати за да се формира мнозинство.

Претседателот на владејачката партија, Александар Вучиќ, по седницата на Претседателството, пред новинарите изјави дека ова ќе биде влада со континуитет и дека приоритети ќе бидат борбата против организираниот криминал и корупцијата, силниот економски раст и европскиот пат.

Мандаторот за состав на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека таа и кандидатите за министри едвај чекаат да ги претстават своите планови пред Собранието на Србија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина

Трамп по предлогот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Мерц: Германија престанува со објавување детали за воената помош за Украина