Утрински Весник
Македонија

Обесштетување од 80 милиони денари за граѓаните погодени со ланското невреме во Долна Преспа

Обесштетување од 80 милиони денари за граѓаните погодени со ланското невреме во Долна Преспа

Од Буџетот трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, соопшти дека општината во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.

Во знак на благодарност поради залагањата и напорите за обесштетување на земјоделците од преспанскиот регион, градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, на премиерот на Владата, Зоран Заев, на вчерашната средба му додели плакета „Преспански јаболкобер 2020“.

Гошаревски оцени дека оваа мерка на Владата претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Ѓорѓиевски се напи вода од чешма пред новинарите: Нема ешерихија коли, скопјани да бидат спокојни

15-годишник на социјалните мрежи објавил експлицитни фотографии од малолетно девојче