Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид по 21. пат го освои „Ноу Камп“, Рамос е играчот на мечот!

Реал Мадрид по 21. пат го освои „Ноу Камп“, Рамос е играчот на мечот!
Ss2

Шпанскиот фудбалски шампион, Реал Мадрид со три бода се враќа од гостувањето на „Ноу Камп“ кај најголемиот ривал, Барселона. Пулените на Зинедин Зидан со 3-1 славеа против Лео Меси и тренерот Роналд Куман кој првпат во тренерската кариера водеше тим на „Ел Класико“. Од друга страна пак Реал по 21. пат славеше нагости кај Барса, а Зидан и во шестиот дуел на „Ноу Камп“ како тренер на „Кралевите“ остана непоразен.

По фуриозниот старт на мечот, по само 5 минути Реал поведе со одличниот погодок на Валверде.

Img 5587

Само 3 минути подоцна, преку Ансу Фати израмнува на 1-1.

Во иста минута, во 23-тата најпрво Лео Меси има 100-отстотна шанса пред голот на Куртоа, Белгиецот одлично брани на првата статива.

Во следниот напад, Реал има шанса за зголемување на водството. Нето го брани ударот на Бензема од близина, по средина на голот.

Со резултат 1-1 се отиде на полувремето.

Во вториот дел Барса поконкретна во нападот, но без завршница. Фати бие покрај голот, а неколку минути подоцна и Кутињо биеше за малку непрецизно покрај стативата.

Казна за промашувањата на фудбалерите на Барселона стигна во 63 минута.

Откако Ленгле го држеше за дрес Рамос во својот шеснаесетник, судијата по ВАР асистенција покажа на белата точка. Дефанзивецот биеше прецизно за 2-1 за Кралскиот клуб. Пеналот сигурно ќе предизвика лавина коментари во јавноста.

Куман ги внесе во последните 15 минути сите расположливи сили во нападот, но без ефект. И голманот на Каталонците – Нето со 3-4 одлични интервенции по ударите на Крос и на Рамос ги држеше во игра надежите на Барса за израмнување, но немаше среќа во 90 минути.

Нововлезениот Модриќ се најде сам со голманот Нето на работ на казнениот простор по една одбиена топка, по што со неколку движење се ослободи од него и биеше високо по средина на голот за конечни 1-3.

Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла лига со 13 бода по 6 одиграни кола, додека Барселона на 5 меча собра само 7 бода и е на 10-тата позиција.

> Реал Мадрид по 21. пат го освои „Ноу Камп“, Рамос е играчот на мечот! <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот