Утрински Весник
Спорт

Шкупи е лидер на табелата по триумфот над Силекс

Шкупи е лидер на табелата по триумфот над Силекс

Чаирскиот прволигаш Шкупи е новиот лидер на табелата во ПМФЛ по првиот меч од 10 коло. Триумф на Шкупи на својот стадион против Силекс со 1-0 за лидерска позиција барем до утре кога Шкендија може повторно да се врати на врвот.

По 0-0 на полувремето на лошиот терен во Чаир, во второто полувреме единствениот гол го постигна Бесир Исени по катастрофалната грешка на дефанзивецот на Силекс, Карчески.

И двете екипи имаа шанси до крајот на мечот, но резултатот не се промени.

Сега Шкупи е прв на табелата со 22 бода, пред Шкендија која има 21, но и меч помалку.

По денешниот пораз, Силекс останува на петтата позиција.

Фото: FC SHKUPI

> Шкупи е лидер на табелата по триумфот над Силекс <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата