Утрински Весник
Спорт

Мијатовиќ: Реал не е воигран, a местото на Зидан не е загрозено

Мијатовиќ: Реал не е воигран, a местото на Зидан не е загрозено

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ за радиото „Cadena SER“ даде своја прогноза пред првиот сезонски „Ел Класико“ двобој кој започнува во 16 часот.

Иако двата тима не се во идеална форма, сепак се чини Реал е во полоша ситуација, по поразите од Кадиз, односно Шахтјор на домашен терен.

„По мене Зидан не е во опасност, без оглед на резултатот во дуелот со Барселона. Мислам дека неговата позиција не е во прашање, ситуацијата во Реал е мирна“ вели Мијатовиќ.

Тој како најголем проблем за „Кралевите“ ја оценува неефикасноста и слабата воиграност пред се поради краткиот период од предсезоната.

„Имиџот на Реал во последно време е слаб. Се надевам дека со Рамос во поставата ќе одиграат одличен меч. Барса е во слична ситуација како и Реал од спортски аспект. Можеби се во мала предност, играат дома и го победија Ференцварош во ЛШ. Реал мора да е внимателен со Ансу Фати. Имам чувство дека Меси е под своето ниво. Не е веќе така млад, но има квалитет да го исфрли мечот од рамнотежа“ смета Црногорецот.

> Мијатовиќ: Реал не е воигран, a местото на Зидан не е загрозено <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја