Утрински Весник
Свет

Азербејџан: Подготвени сме за примирје, но Ерменија мора да го спушти оружјето

Азербејџан: Подготвени сме за примирје, но Ерменија мора да го спушти оружјето

Азербејџан е подготвен да ги прекине борбените дејства во Нагорно Карабах, но Ерменија мора да биде првата што ќе го фрли оружјето, изјави претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

„Јас веќе го кажав тоа за време на преговорите во Москва на 10 октомври. Како прво, Ерменија треба да престане да напаѓа. Само после тоа, нашите дипломати можат да стапат на сцена“, рече тој.

Според Алиев, Ерменија мора да признае и прифати одредени принципи за решавање на овој конфликт, кои веќе се прифатени од Русија, Франција и САД.

„Само после тоа ќе се вратиме на преговарачката маса“, додаде тој.

Алијев исто така рече дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан е лично одговорен за прекинување на процесот на помирување во Нагорно Карабах.

„Статус-квото веќе не е можно, се појави нова реалност. Ние не ги започнавме борбите, туку Ерменија. Нашиот одговор е адекватен, ние секогаш ќе ја ослободуваме територијата што официјално ни припаѓа. Ако не престанат да пукаат, ние ќе продолжиме со ослободувањето“, додаде тој.

Алијев се осврна и на прашањето за Турција, поточно на пристигнувањето на борците од Сирија во Карабах, велејќи дека официјална Анкара не била вклучена во овој конфликт на кој било начин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков