Утрински Весник
Спорт

Луис Суарез донираше 1.000 хамбургери

Луис Суарез донираше 1.000 хамбургери

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез донираше 1.000 „Биг мек“ хамбургери како дел од годишната добротворна акција на рестораните „Мекдоналдс“ во неговиот роден Уругвај.

Суарез ги купи хамбургерите во Шпанија по 4.75 евра парче, трошејќи 4.750 евра за да учествува во акцијата, а сите средства ќе се донираат во „Роналд Мекдоналд хаус асоцијацијата“, добротворната компанија на ланецот на ресторани, која помага 7.000 деца и нивните семејства во Уругвај.

Хамбургерите на Суарез ќе одат кај децата во младинската лига во Пандо, градче на 32 километри од престолнината Монте.. Во акцијата се вклучи и поранешниот фудбалер на Интер, Алваро Рекоба, додека во слична акција минатата година, Карлос Тевез донираше 1.000 хамбургери во Аргентина.

> Луис Суарез донираше 1.000 хамбургери <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027