Утрински Весник
Македонија

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Тетовец со нож се заканувал во дуќан каде како продавачка работела неговата поранешна сопруга

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што информира полицијата, вчера во 18,03 часот било пријавено дека во с.Кондово-скопско бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства.
Според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ. Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет. Се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.
 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм