Утрински Весник
Свет

Путин: Помина времето кога САД и Русија одлучуваа за се

Портпарол на Кремљ: Путин ќе ја информира јавноста ако ја прими вакцината
300x250 (7)

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека времето кога САД и Русија одлучувале за сè е минато.

Тој изрази подготвеност да разговара и со други земји за глобалните проблеми ако се јави таква потреба.

Img 5587

Путин истакна дека Кина и Германија се движат кон статус на суперсили во смисла на своето политичко и економско влијание, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.

Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември Путин вели дека се надева оти новата администрација ќе биде подготвена за дијалог за безбедност и контрола на нуклеарното оружје.

Путин предупреди дека нема да има иднина без систем за контрола на оружјето и додаде дека безбедноста на Русија нема да страда без договор за контрола на оружјето.

Исто така, рускиот претседател ги повика Соединетите Американски Држави да ѝ помогнат на Русија да постигне решение за конфликтот во Нагорно-Карабах, каде што, според Путин, загинаа речиси 5.000 луѓе.

„Има многу жртви, повеќе од 2.000 од секоја страна“, рече Путин.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари