Утрински Весник
Македонија

Геогриевски во Софија на средба со Захариева

Геогриевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

Информацијата ја потврди партијата, но нема повеќе детали од средбата.

Бугарската министерка ја објави веста на нејзиниот Фејсбук и сподели фотографии.

С екипа ми имахме ползотворна среща днес с нашия приятел от Република Северна Македония и неин премиер (1998-2002 г.) Любчо Георгиевски.

Posted by Екатерина Захариева on Четврток, 22 октомври 2020

„ Јас и мојот тим денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзин премиер (1998-2002), Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева.

Георгиевски претходно најави дека денеска ја почнува турнејата за лобирање Бугарија да не ја блокира Македонија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ

Среде месец мај ни се враќа зимата?