Утрински Весник
Свет

Спречен терористички напад во Москва

Спречен терористички напад во Москва

Руските безбедносни служби спречија терористички напад со бомба и приведоа човек кој се подготвувал да активира бомба пред зградата на владата, објави Федералната служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ го опиша човекот како личност од Централна Азија, додавајќи дека тој дејствувал по наредба на меѓународна терористичка група.

Ваквите инциденти се ретки во главниот град, а вработен во ФСБ беше убиен во центарот на Москва во декември минатата година кога маж пукаше кон зградите на ФСБ.

Федералната служба за безбедност објави дека пронашла делови од импровизирана експлозивна направа меѓу предметите на притворениот човек со упатства за правење експлозив и преписка со други милитанти.

„ Сторителот планирал да отпатува во борбена зона на Блискиот исток за да учествува во активностите на терористичките групи“, објави ФСБ на својата веб-страница.

Исто така беше речено дека се водат истраги и дека е покрената кривична постапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци

Францускиот премиер предлага укинување на два државни празника за намалување на долгот

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва