Утрински Весник
Култура

Заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски

Заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија) ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Давор Кешќец и Стефан Младеновски се колеги што заедно имаат завршено средно уметничко – оддел графика, и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 год.

Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор ќе се претстави со серија дела под наслов „Blue moon“, а Стефан со неговите „Ликовни решенија“.
На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“