Американски судија ја отфрли тужбата од Џејмс Сејфчак кој ги обвинува наследниците на Мајкл Џексон дека му дозволиле да го злоупотребува него и други деца.
Сејфчак тврди дека пејачот започнал да го злоупотребува кога имал 10 години. Тој ги тужеше MJJ Productions и MJJ Ventures бидејќи тие наводно биле создадени за да ја олеснат сексуалната злоупотреба на деца од страна на Џексон.
Но, судијата го отфрли случајот, велејќи дека компаниите немаат должност да се грижат за Сејфчак.
Застапниците на MJJ Productions и MJJ Ventures изјавија дека се задоволни што судот потврдил дека Сејфечак нема основа да продолжи со неговата тужба.
Тој е еден од двајцата мажи кои пред една година го обвинија починатиот Џексон за педофилија во документарниот филм Leaving Neverland („Напуштајќи го Неверленд“).
Еден од најкотроверзните документарни филмови се базира врз интервјуа на мала група луѓе, меѓу кои и двајца мажи на 30-годишна возраст, кои тврдат дека биле жртви на сексуални напади од страна на кралот на поп музиката, кога имале 7 и 10 години. Филмот, наводно, била можност да ги споделат своите трауми со јавноста.
Наследниците на пејачот филмот го оценија како „уште еден скандалозен и патетичен обид да се извлече корист од Мајкл Џексон и да се повторат старите неосновани обвинувања“.