Утрински Весник
Свет

Германскиот министер за здравство има корона

Германскиот министер за здравство има корона

Германскиот министерот за здравство, Јенс Шпан по тестирањето бил позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека Шпан итно се повлекол во домашна изолација.

40-годишниот Шпан почувствувал симптоми налик на настинка и бил подложен на тестирање, а за неговата состојба биле известени сите неговите контакти, соопшти Министерството.

Стапката на инфекција со Ковид-19 во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, но во последниве денови се забрзува, а во саботата беше регистриран рекорден број од 7.830 заразени, според податоците од институтот „Роберт Кох“.

Шпан ги повика Германците да ги почитуваат мерките за физичко растојание за да се задржи стапката на инфекција на ниво под контрола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка