Утрински Весник
Магазин

„Брзи и бесни“ се ближат кон крајот од патот

„Брзи и бесни“ се ближат кон крајот од патот

Популарната филмска франшиза „Брзи и бесни“ најверојатно ќе заврши со уште два филма, според порталите „Дедлајн“ и „Варајети“.

Истите извори додаваат дека Џастин Лин ќе ги режира двата последни филмови (10-ти и 11-ти) во серијалот.

Премиерата на деветтиот филм е предвидена за мај 2021 година, откако пандемијата на „Ковид-19“ ја помести цела година.

Акциониот серијал дебитираше во 2001 година со Вин Дизел, Мишел Родригез и покојниот Пол Вокер во главните улоги. Оттогаш се прошири за да вклучи осум директни продолженија, еден филмски спин-оф и анимирана ТВ серија.

Серијалот, заедно со минатогодишниот „Брзи и бесни: Хобс и Шоу“ – досега има генерирано 5,7 милијарди долари во светски рамки.

Furious 7 од 2015 година се смета за најуспешно продолжение досега, со заработка од 1.5 милијарди долари на боксофисот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите