Утрински Весник
Македонија

Царовска за реформите во основното образование: Да создадеме граѓани кои ќе размислуваат логички и критички

Царовска за реформите во основното образование: Да создадеме граѓани кои ќе размислуваат логички и критички
Ss2

Од Министерството за образование информираат дека почнала со работа групата којашто ќе ги прави реформите на основното образование.

Министерката Мила Царовска, денеска го одржала првиот состанок со претставниците на групата во која се вклучени вработени од Биро за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основно образование, УНИЦЕФ и Македонски центар за граѓанско образование.

Img 5587

„Планот е да создадеме образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Во фокусот на реформата ќе бидат учениците, како и наставниците кои треба да бидат поддршка во учењето на децата”, истакнала Царовска.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово