Утрински Весник
Свет

Половина милион луѓе во Романија остануваат без работа, се затвораат повеќе од 300 000 компании

Половина милион луѓе во Романија остануваат без работа, се затвораат повеќе од 300 000 компании

Тешките економски мерки поради коронавирусот може да значат дека повеќе од 500 000 луѓе во Романија ќе останат без работа.

Исто така, над 300.000 компании би можеле да отидат под стечај или да банкротираат, пренесува „Аџепрес“.

Ефектите од економските тешкотии, како за вработените, така и за сопствениците на деловни активности, може да се почувствуваат следната година.

Според официјалните податоци, до 28 август Романија привлече 12,8 милијарди странски капитал во периодот од 2014 до 2020 година од Европската инвестициска програма, објави Европската комисија.

Што се однесува до тој шестгодишен период, Романија може да има бенефит од буџетот на ЕУ од 36,7 милијарди евра помош, што ја прави шеста земја во Унијата што добива најмногу пари од европскиот буџет за инвестиции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции