Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Парламентарни и претседателски избори до 3 април 2022

Вучиќ: Добивме официјална агенда за состанокот со Приштина во Вашингтон

Претседателот на Србија и на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, најави дека новата српска влада ќе биде со ограничен рок на траење, а наредните парламентарни избори во земјата, заедно со претседателските, ќе бидат организирани најдоцна до 3 април во 2022 година.

„Го поставивме прашањето на седницата на Претседателството на СНС дали сè сами ќе земеме в раце и кои се целите. Ние денеска дефиниравме шест основни цели“, рече Вучиќ на прес-конференција.

Според него, договорени се пет владини цели, а првиот е борба за здравјето на граѓаните, поточно борба против епидемијата на Ковид-19, што подразбира изградба на болници, зголемување на капацитетите и изградба на нови клинички центри.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога

Ерупцијата на Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп