Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца жители на Кочани осомничени за 11 кражби од базни станици

Нападнати лица кои делеле пропаганден материјал во Дебреше

Полицијата уапси двајца жители на Кочани кои се осомничени дека извшиле 11 тешки кражби.

Полицијата вчера извршила претрес во домот на Д.А. (19) од Кочани, кој ден претходно бил приведен заедно со М.К.(23) од Кочани, откако биле затекнати во вршење на тешка кражба од репетитор – базна станица на телекомуникациски оператор.

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени 32 предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ од базни станици.

Поради основи на сомнение дека се извршители на овие кривични дела, против Д.А. и М.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Oсум лица во струмичко казнети поради непочитување на забраната за движење во шуми

Трипуновски од Кавадарци: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

ВРЕДИ: Редот, правдата и контролата се најголемиот страв на ДУИ