Утрински Весник
Македонија

Почна есенската дератизација во Карпош

Почна есенската дератизација во Карпош

Општина Карпош ја почна редовната, есенска дератизација и дезинсекција на целата своја територија.

„Овластената фирма која ја ангажираше локалната самоуправа треба да помине околу 5.000 шахти во кои ќе фрли средства за уништување на штетните глодари и инсекти во сите населби на Општината“, се наведува во соопштението.

Дератизацијата и дезинсекцијата во Карпош ќе се одвива сукцесивно во следните четири до пет недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен велешанец пронајдена дрога и пари, следува пријава

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска

Николоски: Над седум милиони евра се инвестираат во економски развој на Струмица