Утрински Весник
Свет

Фаучи: Кога го видов тоа на ТВ, знаев дека нема да произлезе ништо добро

Фаучи: Кога го видов тоа на ТВ, знаев дека нема да произлезе ништо добро

Американскиот медицински експерт Ентони Фаучи изјави дека апсолутно не е изненаден што американскиот лидер Доналд Трамп е заразен со коронавирус.

Тој рече дека Трамп се движел меѓу луѓе кои не носеле заштитни маски.

Водечкиот американски епидемиолог исто така рече дека е загрижен за здравјето на Трамп кога го видел во толпа луѓе кои не се придржуваат кон физичко растојание, ниту пак носат маски, пренесува „Си-ен-ен“.

„Кога го видов тоа на ТВ, знаев дека нема да произлезе ништо добро“, рече Фаучи, осврнувајќи се на церемонијата на назначување на судијката Ејми Кони Барет во „Роуз гарден“ во Белата куќа, на која се собраа голем број луѓе.

Настанот на кој не беше испочитувана ниту една епидемиолошка мерка, Фаучи го нарече кластер. „Податоците зборуваат сами за себе“, додаде Фаучи, пренесува Кликс.ба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место

Во Брисел, големи демонстрации во знак на поддршка на Палестинците

Анкета: Работниците бараат помалку работни часови, проблемот е во работните процеси