Утрински Весник
Свет

Плантажа со марихуана на три ката и со вредност од милион фунти пронајдена во Англија

Плантажа со марихуана на три ката и со вредност од милион фунти пронајдена во Англија

Во објект на поранешен ноќен клуб во Ковентри, полицијата открила плантажа со марихуана на три ката, за која се проценува дека вреди повеќе од милион фунти.

Службеници од британската Национална агенција за криминал (НЦА) во четвртокот извршиле претрес во објектот и пронашле 1.000 растенија и опрема за садење, одгледување и наводнување, чија вредност се проценува на околу 150.000 фунти, пишува „Скај Њуз“.

Уапсени се тројца мажи и обвинети за производство на дрога од Б класа. Двајца од нив полицијата уапсила со помош на дрон додека се обидувале да избегаат од зградата.

„Станува збор за значајна заплена на дрога што ќе има огромно влијание врз поврзаните криминални групи, бидејќи ќе ги лиши од стока и профит. Насадот се протегаше на три ката од голема зграда. Ова е секако една од најголемите плантажи што ги има откриено НЦА”, рече Адам Ворнок, претставник на Агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Уништивме 250 украински дронови што се движеа кон Москва во текот на викендот

ЕУ има идеја како да се одблокира Ормутскиот теснец

Соработник на Путин: Барел нафта наскоро ќе чини над 150 долари