Утрински Весник
Спорт

Шок во Мадрид – Кадиз го победи Реал

Шок во Мадрид – Кадиз го победи Реал
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Кадиз приредија вистинска сензација во Примера, во рамките на шестото коло, среде Мадрид тие го победија бранителот на трофејот Реал со 1:0.

Зинедин Зидан го потцени квалитетот на екипата која по 14 години се врати во шпанската елитна дивизија. Тренерот на Реал мечот го започна со комбиниран состав, со што им овозможи на гостите да имаат целосна контрола врз играта.

Кадиз во првиот де неколку пато опасно се заканија, Серхио Рамос во една ситуација од гол-линијата ја исфрли топката и спаси гол, но ниту тој ниту голманот Куртоа не можеа да го спречат Лозано во 16 минута да постигне гол.

Играта на реал во првиот дел најдобро ја отсликува одлуката на Зидан на полувремето да направи четири измени. Од игра ги извади Иско, Модриќ, Лукас Васкез и Серхио Рамос, но ниту нивните замени Валверде, Едер Милитао, Каземиро и Марко Асенсио не се прославија.

Реал по пет натпревари има 10 поени, колку што имаат Гранада со ист број натпревари и Кадиз кој има одиграно натпревар повеќе.



> Шок во Мадрид – Кадиз го победи Реал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс