Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Кина започна вакцинирање против коронавирусот, луѓето чекаат во редови

(Видео) Во Кина започна вакцинирање против коронавирусот, луѓето чекаат во редови
Dik 300x250 mk

Во град во источна Кина, властите започнаа експериментална програма за вакцинација против коронавирус, иако вакцината не ја помина последната фаза од клиничките испитувања.

Пред болницата во Јиву, стотици луѓе чекаа во ред уште пред отворањето, за да примат вакцина за што се плаќа надоместо од околу 60 американски долари, пренесува Би-би-си.

Потсетување, Кина досега вакцинираше десетици илјади свои граѓани со експериментална вакцина против коронавирус. Во јули, беше стартувана итната програма за развој на вакцини против коронавирусот, која понуди три експериментални дози развиени во лабораториите на државниот фармацевтски гигант China National Pharmaceutical Group („Синофарм“) и „Синовак Биотек“. Четвртата вакцина, зад која стои „КанСино Биолоџикс“, кинеската војска ја одобри за употреба уште во јуни.

Пекинг не објави податоци за примена на вакцината врз критичните групи во земјата, како што се медицинскиот персонал, транспортните работници и работниците кои работат на пазарите за храна.

Кинеската групација „Синофарм“, која развива две вакцини и „Синовак“ потврдија дека досега се вакцинирани најмалку десетици илјади луѓе.

„Синофарм“ соопшти дека доставила стотици илјади дози бидејќи една од нивните вакцини подразбира две или три дози за пациентот да се смета за вакциниран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште