Утрински Весник
Спорт

Мурињо го „изгоре“ Венгер: Не пишува за мене, бидејќи никогаш не ме победи

Мурињо го „изгоре“ Венгер: Не пишува за мене, бидејќи никогаш не ме победи

Жозе Мурињо повторно е во „елемент“. На денешната прес-конференција, менаџер на Тотенхем беше запрашан за новата биографија на легендарниот менаџер на Арсенал во која нема ниту еден збор за лутото ривалство со Португалецот. Одговорот беше легендарен!

„Не сум во книгата бидејќи никогаш не ме победи. Нема да правиш поглавје во книгата за 12 или 14 меча без ниту една победа. Зошто би зборувал за мене во книгата? Книгата треба да те направи среќен и горд. Затоа целосно ја сфаќам ситуацијата“, вели Мурињо.

Мурињо и Венгер имаа луто ривалство во периодот кога Португалецот беше прв човек на Челси, во најславниот период на „сините“. Во 19 меѓусебни дуели, Мурињо победи во 10, седум меча завршија без победник, а Венгер победи само двапати.

Лутото ривалство донесе и некои легендарни моменти во Премиер лигата, како туркањето на аут-линијата во 2014 година. Истата сезона Мурињо го нарече Венгер „специјалист за неуспех“.

> Мурињо го „изгоре“ Венгер: Не пишува за мене, бидејќи никогаш не ме победи <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс