Утрински Весник
Спорт

Вајда: Ќе бидам со Ѓоковиќ додека не ги урне сите рекорди

Вајда: Ќе бидам со Ѓоковиќ додека не ги урне сите рекорди

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Словакот Марјан Вајда, во интервју за „Вечерње новости“ открил уште колку долго ќе соработува со првиот тенисер на АТП листата.

Вајда неодамна стана дедо, има и други обврски, но не размислува да се повлече од соработката со Ѓоковиќ.

Колку долго ќе останете со Новак?

„Се надевам дека ќе бидеме заедно се додека не ги собори сите рекорди. Ајде за почеток да освоиме повеќе од 20 гренд слем трофеи“, рекол Вајда.

Ѓоковиќ е трет на вечната листа со 17 гренд слем титули, три помалку од Рафел Надал и Роџер Федерер.

> Вајда: Ќе бидам со Ѓоковиќ додека не ги урне сите рекорди <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс