Кога на почетокот на годината панемијата на коронавирус се прошири во Европа, тоалетна хартија преку ноќ стана ценета стока, па среде наглото зголемување на бројот на нови инфекции, во последните неколку дена Германците повторно започнаа да ги празнат полиците за хигиенски производи.
Со оглед на тоа што во Германија денеска, втор ден по ред, имаше рекордно дневно зголемување на бројот на новозаразени – 7.334, а починаа 24 лица и дека за прв пат од почетокот на епидемијата бројот на нови случаи надмина 7.000 за еден ден, во „Лидл“ и „Алди“ се забележува мало зголемување на побарувачката за одредени производи.
Се чини дека стравот од нов целосен карантин повторно ги охрабрува германските купувачи на т.н. „хамстеркауф“ (панична купувачка).
„Во моментов, забележуваме мало зголемување на побарувачката за одредени производи, како што е тоалетната хартија“, изјави за германскиот магазин „Виртшафтс Вохе“, портпаролот на трговскиот ланец „Алди“.
Предупредувањето од баварскиот премиер Маркус Содер дека земјата е поблиску до второ целосно затворање отколку што некој би сакал да признае, кај Германците рефлексно ја поттикна потребата за снабдување со тоалетна хартија и други поризводи со долг рок на траење.
Од „Лидл“ исто така велат дека забележале зголемена побарувачка за средства за хигиена во некои делови од земјата, но ланците како „Реве“, „ДМ“ и „Кауфланд“ сè уште забележале поголеми промени.
И покрај извештаите за празни полици, двата трговски ланци истакнуваат дека паничното купување во никој случај не е потребно.
„По празнењето на полиците на кое бевме сведоци на почетокот од годинава, ги следиме промените во побарувачката за некои производи повнимателно од кога било досега за да осигуриме дека на нашите клиенти нема ништо да им недостасува“, рече портпаролот на „Алди“.