Утрински Весник
Свет

Нови мерки во Србија, маските стануваат задолжителни и на отворено

Нови мерки во Србија, маските стануваат задолжителни и на отворено
Dik 300x250 mk

Србија воведува нови мерки против коронавирусот. Собирите веќе нема да бидат дозволени, а најважната мерка е дека маските ќе мора да се носат и на отворено.

„Ги заоструваме сите претходни мерки во однос на нивната примена. Повеќе нема да може да се издаваат дозволи за собири. Маски треба да носиме сите, постојано и на отворено, тоа е исто така нова мерка”, рече Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, заменик директор на Институтот за јавно здравје.

Таа додаде дека белградска „Арена“ повторно станува привремена болница.

„Сакаме да дејствуваме превентивно, да не реагираме само кога сериозно ќе се наполнат капацитетите, а здравствените работници ќе бидат преморени. Поминавме низ тоа и немаме причина да не учиме од наши и туѓи примери кои не дадоа добри резултати. Кога се однесувавме одговорно, имавме резултат, затоа барам единство и солидарност“, рече министерот за здравство Златибор Лончар.

Србија веќе влезе во третиот бран на епидемијата, порано од очекуваното. Првите прогнози беа дека третиот бран ќе се случи на крајот на овој и почетокот на следниот месец, но од вторник, бројките во Србија се во пораст од ден на ден.

Во средата и вчера имаше повеќе од 200 нови инфекции на денвно ниво.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа