Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи протест против злоупотребата на европските пари.

Протестот ќе почне во 18.30 часот пред Министерството за правда.

„Веќе три години се читаат и слушаат скандали во медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот во кој 270.000 евра ѝ беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот, каде што се доделени 83.000 милиони евра за тренирање хрватско магаре. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани од 18.30 часот, на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прaшања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари“, соопшти партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар