Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев се сретна со пратеници од Албанија: Државите споделуваат европски вредности и се пример за регионот

Заев се сретна со оштетените од „Еуростандард банка“: Ќе направиме сè што е во наша моќ, но мораме да ја почитуваме законската рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од Љупчо Николовски, заменикот на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, се сретна со пратениците од Парламентот на Република Албанија, Таулант Бала и Васил Стерјовски, првиот пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција и со Нури Белба, градоначалник на Општината Прењас.

На состанокот е констатирано дека искрените, пријателски односи помеѓу премиерите Зоран Заев и Еди Рама се насоката по којашто се развиваат и добрососедските односи помеѓу двете земји, како добар пример и во регионот, дека каде што има политичка волја има и меѓусебно почитување и успешна соработка.

Заеднички е заклучено дека двете држави веруваат во истите, европски вредности.

„ Сите заложби за европската иднина на нашите држави се и заложби за европеизација на државите, со цел подобар живот на граѓаните. На регионот му требаат пријателства и соработка и тие се случуваат“, рече премиерот Заев.

На средбата се разменети информации за унапредувањето на проектите во инфраструктурата, граничните олеснувања, земјоделството, како и дека постои простор за проширување на економската соработка како меѓу двете земји, така и во регионот како заеднички пазар, којшто може да биде и попривлечен на Европа и светот.

Исто така е истакната грижата за етничките заедници во државите, како мост и потврда на искреното пријателство меѓу двете држави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Презадоволен сум од ефикасноста на Хермелините и Пинцгауерите во справувањето со пожарите

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо време