Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со претставници на Македонската горанска заедница

Пендаровски се сретна со претставници на Македонската горанска заедница
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Македонската горанска заедница од Косово во состав: Авнија Рахте, претседател на заедницата, придружуван од Кенан Скендароски и Аце Димоски.

Претставниците на Македонската горанска заедница го информираа претседателот Пендаровски за нивните активности за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет, континиуитет и наследство на Македонците во Косово.

Претседателот Пендаровски ги поздрави активностите на Македонската горанска заедница насочени кон градење врски меѓу Северна Македонија и Косово, заложбите за придонес кон градењето на мултиетничко и мултикултурно општество преку различните иницијативи за афирмација на македонската заедница во Косово.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат