Утрински Весник
Економија

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс периодот за кредитите од Развојна банка

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс периодот за кредитите од Развојна банка

Повикот за поднесување барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на Посебниот кредитен фонд „Ковид1“ трае до денеска до 23:59 часот. Повикот е достапен на веб страницата на Развојна банка од каде што може да се преземе барањетo.

Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на мејлот [email protected]

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки кои ги спроведува Владата и нуди можност за кредитокорисниците на ,,Ковид1” бескаматната кредитна линија да го продолжат грејс периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци. Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77% се микро компании кои вработуваат до 10 лица, 21% се мали компании кои вработуаат до 50 лица и 2% се компании со средна големина кои вработуваат до 250 лица.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра

Пуштањето на интерконекторот со Грција се планира за 2027 година