Утрински Весник
Култура

Девет премиери на Ромскиот театарски фестивал во Скопје

Девет премиери на Ромскиот театарски фестивал во Скопје

Република Северна Македонија е домаќин на 17. Ромски театарски фестивал Garavde Muja. Во организација на асоцијацијата Романо Ило од Скопје, а во покровителство на Министерството за култура од 16 – 19 октомври ќе се организира ромска театарска манифестација во која ќе се презентираат девет премиери и една бонус претстава од 1989 година. Во програмата на фестивалот учествуваат театарски екипи од Северна Македонија, Србија, Косово, Романија и Германија. Покрај театарските ансамбли од наведените земји, своја монодрама ќе презентира и светската ромска фолмска актерка Алина Сербан, позната по филмот Gipsy Queen.

Исто така, на овогодинешното издание на фестивалот ќе учествува и Неџо Осман со претставата „Рукели“. Познати режисери кои ќе учествуваат на фестивалот се Нада Кокотовиќ од театарот ТКО, Жоро Иванов од Бугарија, Џевдед Дода од Косово и Михаел Лукас од Романија и други. Како консултант на фестивалот се појавува името на култниот режисер од театарот Пралипе Рахим Бурхан од Германија

Поради пандемијата Ковид 19, овогодинешното издание ќе биде во комбинирана форма. Дел од претставите ќе се прикажат преку онлајн платформата romanoilo.mk-garavdemuja и на интернет страната на порталот 24ВАКТИ. Во живо ќе се претставата три театарски претстави во градот Скопје и градот Штип со пред ограничен број на публика не повеќе од 50 луѓе на отворен простор, согласно протоколите од страна на Министерството за здравство.

Во 2002 година, кога започна да се организира оваа манифестација, мојот сон беше да постане светски фестивал каде ќе учествуваат различни театарски ансамбли од повеќе земји кои ќе ја претстават театарската уметност на ромски јазик. За жал, за малку сонот не постана целосно јаве. Поради пандемијата Ковид 19, театарските ансамбли се спречени да дојдат во Северна Македонија и да настапат пред македонската публика. Сепак, горд сум што на овогодинешното издание на фестивалот, пријавените учесници онлајн ќе ги презентираат своите театарски проекти, вели Бранислав Петровски.

Целта на фестивалот е да се мотивираат младите Роми да креираат уметнички театарски дела. Интенцијата на фестивалот е да ја поттикне младата ромска популација активно да се вклучи во театарската уметност која треба да служи како алатка за адресирање на проблемите со кои се соочува ромската популација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“