Утрински Весник
Свет

Авганистан: Во судир на два воени хеликоптери загинаа девет војници

Авганистан: Во судир на два воени хеликоптери загинаа девет војници

Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека два авганистански воени хеликоптери се судриле додека превезувале ранети војници од јужната провинција Хелманд, при што загинале девет лица.

Станува збор за два хеликоптери Ми-17 од времето на СССР, кои се судриле поради технички проблеми при полетувањето во областа Нава, а сите девет загинати војници биле Авганистанци, пренесува АП.

Омер Звак, портпарол на гувернерот на провинцијата Хелманд, рече дека судирот се случил во вторникот вечерта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа