Утрински Весник
Македонија

Европската комисија: Го следиме случајот, секое нерегуларно трошење ќе биде откриено

Европската комисија: Го следиме случајот, секое нерегуларно трошење ќе биде откриено

Европската комисија за „Макфакс“ вели дека го следи случајот со обвинувањата за програмата „Еразмус +“, но во оваа фаза детали нема да открие. Од Комисијата уверуваат дека ќе ги откријат евентуалните нерегуларности.

„ Она што можеме да го кажеме во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со обвинувањта во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +. Сите такви обвинувања се следат и онаму каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларното трошење ќе биде идентификувано и поправено. Комисијата не може да даде повеќе детали додека трае следењето“, изјавија од Европската комисија.

Од таму нагласуваат дека Европската комисија ја делегира имплементацијата на програмата на Националните агенции (НА) под индиректно управување.

„ Националните агенции се законски одговорни за какви било погрешно потрошени фондови“, велат од Комисијата.

Европската комисија, заедно со националните власти и независните тела за ревизија, го надгледуваат целокупното функционирање на националните агенции.

Онаму каде што постои сомневање за измама, случаите се упатуваат на ОЛАФ, од каде може да се дадат препораки за износи што треба да се вратат и да се предадат случаите на органите за борба против измама во земјите на програмата.

„ Европската комисија има пристап на нулта толеранција кон измама и ќе ги поврати сите погрешно потрошени суми“, велат од Комисијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана