Утрински Весник
Свет

Два мали авиони се судрија во Франција – петмина загинати

Два мали авиони се судрија во Франција – петмина загинати
Dik 300x250 mk

Пет лица загинаа по судир на туристички авион и микролесен авион во западно централна Франција, објави радиото „Франс Блу“.

Според информациите, несреќата се случила околу 16:45 часот, по локално време.

Пожарникари и воздухопловни експерти веднаш излегле на местото на несреќата.

Сите пет патници од двата авиони загинале во несреќата.

Градоначалникот на Лоше, Марк Ангено изјавил дека авионите не предизвикале значајна материјална штета на земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа