Утрински Весник
Спорт

Депај: Во јануари во Барселона? Не сум сигурен и други ќе бидат заинтересирани

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Мефис Депај по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч, што значи дека веќе во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови. Холанѓанецот цело лето се поврзуваше со Барселона, меѓутоа трансферот не беше реализиран бидејќи Усман Дембеле не сакаше да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Депај и понатаму се поврзува со Барселона но играчот не е сигурен дека ќе заврши таму.

„Ќе видиме…Блуску е јануари, ќе мора да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите. Не е сигурно дека ќе заминам, а наскоро ќе има и заинтересирани клубови“, рекол Депај.

На новинарско прашање зошто рекол „клубови“, а не „клуб“ или Барселона, тој возвратил со контра прашање.

„Имам 26 години и речиси сум слободен играч така што можете да очекувате дека клубовите ќе покажат интерес за мене. Не мислите дека сум во право?“.

> Депај: Во јануари во Барселона? Не сум сигурен и други ќе бидат заинтересирани <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал